Двајца корона пациенти починаа во текот на изминатово деноноќие во Клиничката болница во Штип . Се работи за 59-годишен жител на Кочани и лице на 73 години од Штип.
Бројот на лежечки пациенти во двете корона одделенија , во моментов изнесува 36.
„ Имаме 33-ца пациенти на Инфективното одделение од кои 23 се на кислородна поддршка. Тројца пациенти се сместени на Кожното одделение“, информираат од Болницата.
Во моментов, корона инфекцијата е активна кај 535 жители од Регионот.