Амбасадата Кина во Македонија донира 1,5 мил. денари или околу 25.000 евра за зајакнување на услугите на Дневниот центар за деца и лица со попреченост во Берово.
Донацијата ќе биде искористена за опремување и помали реконструктивни зафати во просториите на дневниот центар. Предвидено е да се опремат, кабинет за физикална и хидро-терапија, како и сензорна соба наменета за деца и лица со аутистичен спектар на нарушувања.
Дневниот центар веќе располага со потребниот стручен кадар вклучувајќи специјализиран кинезитерапевт, специјален едукатор/ рехабилитато,социјален работник, физиотерапевт и медицински сестри.
Во евиденцијата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Берово фигурираат околу 300 деца и лица со различен тип на попреченост.
Донацијата од Кина беше повод за посета на Домот во Берово од страна на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска , сопругата на претседателот на Република Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска и амбасадорот на НР Кина, Жанг Зуо.