-3.2 C
New York
Sunday, January 16, 2022

Buy now

spot_img

Струјата ќе поскапи најмногу 10 %, но дневната евтина тарифа веројатно ќе ја нема

Цената на струјата по Нова Година сигурно ќе биде зголемена, но тоа нема да биде повеќе од 10 % , најави министерот за економија Крешник Бектеши.

На затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме. Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните“, вели Бектеши.

Сепак, детали околу идната цена на струјата се очекуваат утре. Освен за новата цена   се разговара и дали по Нова Година преку ден ќе има евтина тарифа на електричната енергија, но во прашање не доаѓа евтината тарифа за време ноќните часови и во недела.

Доколку, евтината тарифа се укине, Владата планира дополнителни субвенции на социјално ранливите категории за подмирување на сметките за струја.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,116FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles