По препорака на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, важноста на потврдата за прележан Ковид-19 во земјата, се намалува од 180 на 90 дена. Конкретниот амандман веќе е доставен во грчкиот Парламент и предвидува потврдата да важи само доколку лицата прележале Ковид-19 во изминатите три месеци. Од минатата седмица промени има и во однос на начинот на издавање на потврдата.