-0.6 C
New York
Wednesday, January 19, 2022

Buy now

spot_img

Неизвесноста стои. Новата Цена на струјата во овој момент никој не може да ја претпостави, изјави првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски

Неизвесноста  со новата цена на струјата стои, а изјавата на министерот за економија  Бектеши  дека  струјата верјатно ќе посакпи за околу 10%  ќе треба да се прифати со резерва. Ова е заклучок од изјавата на  претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски  за Утрински брифинг образложувајќи дека досега  ниту еден од тројцата оператори,  МЕПСО,ЕСМ и ЕВН барање за нова цена на струјата  не доставиле.

Сепак, она што за граѓаните останува  најважно е тоа дека  идната година стабилизација на цената на струјата сигурно ќе има.

Според Бислимвски, пракса е цената на струјата да се менува еднаш,  а најмногу двапати во годината доколку на пазарот на струја не се  случат непредвидени и енормни пореметувања како што тоа се случи годинава.

Во меѓувреме,  денес ЕСМ  по четврти пат  не  доставила понуда за цена на електричната енергија , со што ќе биде распишан уште еден нов тендер.

Причината што државната ЕСМ не доставила понуда е тоа што засега немаат обезбедено 100 отсто од потребната струја за сите 12 месеци од 2022 година, туку засега со сигурност имаат електрична енергија за задоволување на потребите на граѓаните за само 10 месеци од идната година.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,122FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles