Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал од годинава поради тековниот бран од пандемијата, забавувањето на темпото на имунизација и појавата на нови соеви на вирусот, како и поради притисоците од растечките цени на храната и енергијата, кои се очекува да бидат присутни и во текот на следната година, оценува „Фајнанс Тинк“ во најновиот макроекономски извештај. „Фајнанс Тинк“ ја задржува проекцијата за растот на БДП за годинава на 4,1 проценти, а проекцијата за следната година според нив е 4 проценти.