Штипска „Брегалница“ доживеја прв пораз дома во првата полуетапа од првенството. Првите два гола штипските сини ги примија во 60 и 63 минута. Стрелци беа Марјан Ристевски и Димитар Тодоровски. На ова Брегалница веднаш реагираше. Во 68 минута постигна гол, преку Марјан Стојанов, кој беше негов шести гол во првенството.