Во Пехчево официјално започна со работа работилницата/погон за преработка на храна. Истата ќе служи како заеднички простор во кој сите локални чинители може да закажат термин за приготвување и преработка на своите производи, притоа користејќи ја во целост опремата од работилницата за преработка на производите кои ќе ги набават.
На овој начин се очекува да се зголеми и подобри локалното производство и преработката на свежа храна, да се зголеми продажбата, локалната вработеност и позитивното економско влијание и претставува можност за пренесување на знаењата на помладите генерации и за постигнување на поголема инклузија.