24.7 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Ако не им се исполнат барањата, Синдикатот најавува блокада на Парламентот

Блокада на собраниската зграда најави првиот човек на ССМ Дарко Димевски доколку пратениците под итно не ги реализираат нивните барања и не ги изгласаат законите кои се во насока на покачување на минималната плата и прогласување недела за неработен ден.

Синдикалистите веќе неколку месеци очекуваат изгласување на овие закони, а во недела истите ќе ги бараат и преку генерален протест во Скопје.

За првпат, зад протестот на работниците застанува и дел од бизнис фелата. Инаку, Синдикатот има четири  клучни барања:

1. Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за недела неработен ден .

2. Измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната, односно да се зголеми  на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое останатите плати ќе го следат растот на минималната.

3. Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор.

4. Потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,442FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles