Заштитните маски против ширењето на корона вирусот да не бидат задолжителни за учениците туку тоа да биде само препорака и право на избор на родителите, пишува во петицијата која деновиве се потпишува од страна на родителите од иницијативата „Стоп за задолжителното носење на маски во училиштата“. Својот потпис на петицијата досега го ставиле околу 900 родители. Тие укажуваат дека здравјето на децата е сериозно загрозено со постојаното носење на заштитните маски бидејќи се отежнува дишењето.