Со предупредувачки протест, денеска земјоделците од светиниколското село Мустафино, бараат дислокација на идната фотоволтаична централа која треба да биде најголема во земјата. Тврдат, со ова трајно ќе се уништи најплодниот дел од Овчеполието и егзистенцијата на 600 жители од ова село. Револтот од владината одлука кај жителите од ова село е голем.
Мустафинци не се против градба на централата, но не на нивно земјиште. Предлагаат друга локација, на земјиште што не се обработува, помеѓу Мустафино и соседното Ерџелија. Но, доколку надлежните се оглушат на нивното барање, подготвени се на радикални мерки.
Деновиве Владата најави градба на најголемата фотоволтаична централа во Македонија со силина од 300 мегавати, вредна 240 милиони евра. Производството на електрична енергија според пресметките ќе ги задоволува потребите на 94.000 жители од овој регион.