Речиси 18 илјади сдсмовци помалку се регистрираа за овие избори. СДСМ одлучи во недела да може да гласа секој што има електронска членска картичка. Согласно Правилникот за постапката и роковникот активно се регистрирале 51.228 членови на СДСМ за гласање на вторите непосредни внатрепартиски избори за лидер на партијата. Од СДСМ информираат дека пријави се пристигнати и по истекување на предвидените рокови и поради тоа, како и поради кратките рокови, донесена е одлука во недела да може да гласа секој што има електронска членска картичка.