Амбасадите на највлијателните западни земји и на Европската унија во БиХ ноќеска издадоа заедничка изјава во која ги предупредуваат властите на Република Српска дека преземат потези што водат кон ескалација на политичката криза, а со која се загрозува стабилноста на целиот регион. Претходно синоќа Парламентот на Република Српска ги поддржа предлозите на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, за повлекување на одобрението за државните закони за одбрана, индиректно оданочување и Високиот судски и обвинителски совет.