34.6 C
New York
Tuesday, August 9, 2022

Buy now

spot_img

Потврда од најновата статистика на Евростат. Работното време во Македонија е меѓу најдолгите во Европа

Работното време во Македониа е едно од најдолгите во Европа бидејќи  секој работник во просек на работа останува повеќе од 40 часа неделно. Исклучок од ова е  пандемската 2020  кога биле пресметена  просечни 39,6 часови неделно, вели последнта анализа на Евростат.

Ретроспективно, најмногу кај нас се работело во периодот од 2011 до 2018 година кога секој на работа  оставал помегу 41 и 42 часа неделен труд. Ова покажува дека  Македонците во  овој период  имале долги работни недели, едни од најдолгите не само во Регионот, туку и во Европската унија.

Исклучок од ова е  минатата година  кога работното време на 39,6 часа  го намалила пандемијата. Но, со оваа статитика не се согласува  професорот  на Јистинијан Први,  Лазар Јовевски  кој вели.

Тука има многу пропусти во пракса. Фондот на работни часови е многу поголем, но не е евидентиран. Многу луѓе работат прекувремено  и неплатено, бидејќи такви се приликите во држвата. Според мене и мојот тим, во Македонија се работи многу повеќе од  предвидените 40 часови неделно“, дополнува Јовевски.

Ако не се вработуваат нови луѓе, а  се зголемува фондот на работни  часови  тогаш  многу е јасно за што станува збор“, поентира професорот Јовевски.

Сепак, бројот на работни часови  не  секогаш гарантира  и соодветна продуктивност. Токму тоа е клучниот аргумент на аналитичарите,  но пред се на  работодавачите кои тврдат дека продуктивноста кај нас е мала. Овој момент е еден од пресудните  за висината на  минималната  но и просечната плата . Така, кај нас таа е 469, во Србија 549, во Бугарија 600, Црна Гора 534 и Грција 917 евра.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,432FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles