-0.6 C
New York
Wednesday, January 19, 2022

Buy now

spot_img

Синоќа гореа подруми на зграда на „Панче Караѓозов“ во Штип. Станарите се спасуваа со кршење на прозорските стакла

Гламјосани ѕидови, зигорени врати и прозорци е епилогот од синоќешниот пожар во подрумскиот дел од  стамбената зграда на ул. „Панче Караѓозов“  број 8 во Штип. Големите количини чад експресно го наполни влезот каде има 11 станови и сериозно им се закани на сите станари кои се обидоа да излезат. Терасата од станот на 90- годишниот Штерјо Наков го спасила од задушување. Други останале во своите станови, но без сон.

Становите се зачадени и потребно ќе биде повеќе денови за да се вратат во нормала тврди Трајчо Димитров. Ноќва ја поминал на нозе, во чистење.

Причина за пожарот според разговорот со станарите кои денеска ги чистеа сагите од густиот чад,  се претпоставува дека е во неисчистениот заеднички стамбен оџак поради што од од штипската противпожарна единица апелираат.

Ова е прва интервенција на пожарникарите од ваков вид за овој период. Се надеваат дека вакво нешто во иднина нема да се повтори.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,122FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles