Тимпанија на говедата е често заболување кај крупната стока. Предизвикано е од прекумерна исхрана со детелина, растителна храна што при варењето ослободува голема количина на гасови. Ова предизвикува дување на стомачната празнина и ако не се лекува навреме, може да има фатални последици по заболените животни.
Поради ова, ветеринарите од штипската ветеринарна клиника на сточарите им советуваат, на стоката да и даваат умерени количини на детелина.
Тимпанијата е зачестена во пролетниот период. Ова не значи дека, симптомот надуен стомак кај крупната и ситна стока може да се појави и во овој период од годината. Превентивата,тврдат ветеринарите, е најдобрата одбрана од појава на тимпанија.