На автопатот Скопје-Куманово, кај Ванхул, полицијата го фати најпијаниот возач, македонскиот рекордер кога во прашање е управување на возило со алкохол во крвта. Алкотестот покажал неверојатни 4,14 промили. Контролата е извршена ноќеска во 2.58 часот.