Сигурен сум дека ќе имаме доволно гласови или ќе обезбедиме политички договор црногорската Влада да падне во понеделник, изјави синоќа првиот човек на опозициската СДП, Рашко Коњевиќ, кој кон крајот на ноември ја поднесе иницијативата за гласање недоверба на владата на премиерот Здравко Кривокапиќ. На овој начин Коњевиќ ги подгреа сомнежите на црногорските владини функционери кои веќе две недели се прашуваат – кој ќе биде „предавникот“ на седницата закажана за 12 декември. За соборување на владата на Кривокапиќ потребни се 41 глас во црногорскиот Парламент.