До крајот на ноември 2021 година, околу 5.000 косовски државјани се откажале од косовското државјанство, што е повеќе од претходната година, соопшти Министерството за внатрешни работи на Косово. Претставници на Министерството за внатрешни работи изјавија дека главната причина за откажување од државјанството е фактот што некои земји од Европската унија, каде што претежно емигрирале косовските граѓани, не дозволуваат двојно државјанство.