Ниските температури ставија крај на градежната сезона на ЈП „Стипион“ пред кого останаа незавршени инфраструктурни и ниско градежни работи во повеќе населби. Она што може да се работи поради ниските температури се прави, но остатокот за градба ќе треба д апочека до март.
Сепак, се прават максимални напори да се финишира изградбата на конзолите на реката Отиња.
Нов почеток на активностите Стипион предвидува кон крајот на февруари и почетокот на март кога приоритет ќе имаат веќе започнатите проекти и оние кои се не програмата за работа на ова Јавното претпријатие.