Штипската зоолошка градина идната година ќе го зголеми бројот на своите станари, бидејќи во новата година на сегашните ќе им се придружат нови животни од скопската зоолошка градина.
Зоолошката градина во Штип функционира девет години и таа преманентно предизвикува интерес кај најмладата популација од Штип и другите општини во регионот. Бројот и видот на животни не е така голем, но интересот е постојан.