Советниците од општина Карбинци го усвоија Буџетот вреден 2,2 милиони евра . Најголем дел од него, според програмите што градоначалникот Паунов ги достави до советниците е неманет за најголемиот проблем во општината, реконструкција на улици и патишта. Вака проектиран буџет, според Паунов, наредната година ќе овозможи решавање на клучните проблеми на карбинчани
На последната седница на Советот усвоен е и буџетот на општина Зрновци , а во него градоначалникот и општната се откажаа од сите средтсва за репрезентација и непродуктивни трошоци.
Наместо тоа, парите се насочуваат кон проектни документации за клучни капитални инфраструкторни проекти, стипендии з аученици и студенти и помош за новороденчиња; модернизација на КЈП Водна Кула, изградба и одржување на патишта и паркови и зеленило, но и конкретен план за раздолжување на Општината.
Општина Берово, пак, е единствената општина во регионот, каде поради отсутен советник, буџетот не помина во Советот, па сега општината се соочува со тримесечна блокада, ако за три дена не се изгласа буџетот.
Нова седница, на која на дневен ред повторно ќе биде ставен предлог буџетот з анаредната година, беровските советници закажаа за 31 декември.