По повод новогодишните и божиќни празници, традиционално и оваа година градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов ги посети корисниците во Дневниот центар за лица со посебни потреби, како и детската градинка “Гоце Делчев”, при што заедно со службите однесе новогодишни пакетчиња за сите дечиња од градинката.