Се е познато за подготовките на фудбалерите на„ Брегалница“ за новата сезона. Стартуваат на 3 јануари во Штип. Тука ќе се подготвуваат до 16 , а потоа заминуваат во Анталија, Турција. Таму ќе се останат до 30 јануари. и ќе одиграат 5 пријателски средби со силни противници. Потоа, „Брегалница“ се враќа во Штип, каде ќе ги продолжи подотовките.
На 13 февруари штипјани ќе стартуваат со првенствени средби, кога почнува пролетната сезона. Во Штип во првото пролетно коло доаѓа „Ренова“, која го зазема петтото место на табелата, позади Брегалница, која е четврта!