3 дена пред Нова година во Штип се организира црвен тепих на хуманоста, хуманитарна акција со цел собирање на прехрамбени производи за најранливите категории. Храната која ќе биде собрана ќе биде разделена во очи Божиќ, за секое семејство да има своја скромна Бадникова трпеза. Сите оние кои се во можност и сакаат да донираат можа тоа да го направат од 12 до 19 часот пред стара НАМА.