Владата ќе реагира доколку снабдувачите незаконски им ги раскинуваат договорите на големите компании за снабдување со електрична енергија и ги уценуваат авансно да плаќаат по 500 евра за мегаватчас. Ова денес на прес конференција го најави вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи.
Во изминатите неколку месеци, откако цената на струјата на светските берзи драстично се покачи, снабдувачите раскинаа голем договори со фирми , јавни претпријатија и општини.
Од вчера, раскинат е договорот за договорна цена за снабдување со струја со општина Кочани , а претходно без договор остана и ЈП Исар.
За разлика од големите компании, за домаќинствата и за малите потрошувачи вицепремиерот вели дека е обезбедена сигурна електрична енергија во наредните шест месеци. Државата за овие категории, како што вели тој, осигурувала „повластени цени“.