Во претседателската ,,Вила Водно “ претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денес го додели мандатот за формирање нова влада на мандатарот Димитар Ковачевски .
При примањето на мандатот Ковачевски најави исполнување на своите должности и враќање на довербата кај граѓаните. Исто така тој ги истакнува и своите главни цели како и целите на новата влада која штототку треба да биде формирана.
Инаку од денес почнува да тече рокот од 20 дена во кој Ковачевски треба да ја состави новата влада и програмата на истата. Доколку се се одвива според планираното се очекува на 10 јануари предлог владата да биде доставена и истата да почне со работа на 17 јануари.