Месарите во Србија, заработуваат колку и менаџерите во фирмите, дури и до 1000 евра месечно, но и покрај одличната плата, никој не сака да се занимава со оваа работа. Поради тоа домашните компании се принудени да ангажираат месари од дури 6.600 километри оддалечениот Бангладеш, пренесува Блиц. Сопствениците на месните индустрии се во големи проблеми бидејќи колку и да им ги зголемат платите на работниците, секогаш се плашат дека ќе си дадат отказ. Во една фабрика велат дека додека имаат можности ќе им ги зголемуваат платите на месарите, но тоа не можат да го прават до бесконечност.