Постои опасност основни јавни обвинителства да останат без јавни обвинители, како што се обвинителствата во Свети Николе и во Делчево, предупреди јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески кој денеска ја одржа традиционалната предновогодишна средба со шефовите на јавните обвинителства во државата.
“ Имајќи ја предвид старосната структура во обвинителството, следната година во пензија треба да заминат околу 20 обвинители, во 2023 година уште петмина. Нивното место, според сегашната динамика ќе може да се пополни дури за две години. Постои опасност основни јавни обвинителства да останат без јавни обвинители“, истакна Јовески.