Новата цена на струјата ЛС – Штип ја става во драматично лоша финансиска ситуација од која излез мора да се бара ургентно. Досегашните сметки за струја ќе станат енормни , а локалната самоуправа и ЈП „Исар“ толку пари немаат ни случајно.
Ова значи дека трошоците на месечно ниво, ќе бидат поголеми од приходите . Овој момент бара итно решение, бидејќи во прашање доаѓа основната дејност на ЈП “Исар“, производството и дистрибуција на вода.
Сериозноста на состојбата, отвара и друго исто така сериозно прашање кое се однесува на евентуалното покачување на ценатат на водата.
Освен ЛС – Штип, во идентична состојба се и останатите општини од регионот и јавните претпријатија. Преку ЗЕЛС има најави за барање за државни субвенции за плаќање на струјата, но засега конкретно решение нема.