Противпожарната територијална единица – Кочани доби противпожарното теренско возило, донација во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“кој се спроведува од страна на Програмата за развој на обединетите нации – UNDP со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. Вредноста на донацијата изнесува 1,7 милиони денари. Општината има обврска да го опреми со дополнителна противпожарна опрема во делот на резервоари и пумпа кои ќе се користат за соодветните интервенции.