-3.7 C
New York
Sunday, January 23, 2022

Buy now

spot_img

Добра лична и професионална година предвидуваат астролозите за градоначалниците од регионот

Приливот и одливот на добри и лоши резултати е во полза на градоначалниците од источниот регион покажува астролошкото видување за новата 2022 година.

Со исклучок на некој вратите кон успехот оваа година ширум и ги отвара на Иван Јорданов, Горан трајковски, Звонко Пекевски, но и на некој други. Како најкарактеристични ги издвојуваме астролошките анализи за тројцата споменати.

 За градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев кој е роден во хороскопскиот знак близнаци астролозите велат тој да се подготвува за многубројни изненадувања. Ќе има убави, но и такви кои на почетокот ќе се примаат како порази, но всушност се е за добро. На него му се препорачува да се ослободи од досегашната психа и да се подготвува за она што следува. Владев треба да стави линија на се што е непотребно и да делува во свој стил, да верува во својата непобедливост која ќе му донесе успех во 2022 година.

Хороскопскиот знак Рак е животно одбележје на штипскиот градоначалник Иван Јорданов, но и на делчевскиот Горан Трајковски. За нив оваа година ќе биде со деликатни емоции, а интуицијата ќе ги води и низ 2022 година која ќе им овозможи нови знаења и претставувања. Нивните одлуки на некој ќе им се допаднат други нема да ги прифатат, но тоа е цената која што треба да се плати во успехот кога на местото на старото се раѓа новото. Добар месец за Јорданов и Трајковски е февруари, а септември е месец кога двајцата градоначалници треба да се доверат на инстинктот.

Дилеми и тешки решенија ќе имаво одредени периоди од годината во одлуките на Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, бидејќи ќе мора да одлучува помегу емоции и логика.Во такви моменти Пекевски треба да заложи на повисоки интереси, но ако ситуацијата бара треба да покаже разбирање и сочувство, му сугериираат астролозите. Оваа година на Пекевски повторно ќе му го потврди високото професионално ниво, творечкиот приод и задоволството од практичното работење. Ќе има напредок и пробив и во случаите каде шансите биле мали, потенцираат астролозите.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,134FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles