-1 C
New York
Friday, January 28, 2022

Buy now

spot_img

Или итно решение или за кратко ЈП ќе бидат финансиски срамнети со земја

Ако итно не се најде решение новата цена на струјата финансиски со земја ќе ги срамни ЈП во регионот. Петкратно повисоките цени на струјата јавните претпријатија ги водат во директен колапс и во прашање доаѓа се што е сврзано со нивната активност, но и егзистенцијалната перспектива на вработените.

Дел од претпријатијата се уште се со валидни договри за снабдување со струја, но не знаат до кога, па црвот на неизвесност и нив ги јаде , а калкулации како со ситуацијата ќе се справуваат прават уште отсега.

Поради ова немоќта на јавните претпријатија е проблем и на локалните самоуправи бидејќи финансискиот товар се пренесува на нив кој всушност се и нивни основачи.

Во моментов речиси сите ЈП се во тешка состојба, а некој се соочуваат и со безизлез бидејќи претходните раководни гарнитури трошеле како да е последен ден.

Така Штипски Исар доживува должничка кулминација бидејќи  сегашниот раководен тим наследи долг од 5 милиони евра. Со огромен наследен долг се соочува и ЈП Плачковица од Карбинци со 350 000 евра, а во големи долгови се и Солидарност Виница и други ЈП.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,145FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles