Во првите денови од 2022 година, во рамките на новата сезона стартуваа каратистите од КК ШТИП. Истрчувањето од два пати по 10 километри на пешачката патека покрај Брегалница, е дел од редовните физички подготовки.
„Емил Павлов е во Маврово, ја чекаше новогодишната ноќ, но вети и го реализира тренингот истрчувајќи таму10 километри. Што се однесува за Андреј Арсовски, син на Сашко Арсовски, тој денеска тренираше со нас, но тоа не значи дека се откажува од фудбалот, каде е голман на Македонија ЃП. Тој останува голман, но каратето е спорт кој дава најголема енергија за сите спортисти во секој спорт“ , изјави еден од тренерите на КК ШТИП, Жарко Арсовски.