Според обработените барања за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати од април до декември 2020 година, 9.856 правни лица треба да вратат околу 20 милиони евра, изјавија од Управата за јавни приходи. Ако фирмата или вршителот на дејност немаат основа за оданочување, односно се во загуба, нема да ја враќаат финансиската помош за плати, но услов е да немаат обврски по основa на неплатени даноци и придонеси.