Енергетските ценовни потреси не завршуваат и веројатно тие ќе продолжат и во текот на наредните месеци предвидуваат експертите. Ова значи дека цената на струјата се уште не го достигнала својот максимум исто како и на гасот, но и другите енергенси.
Доколку серијата на удари врз економијата продолжи, последиците ќе бидат разорни и долготрајни, дополнуваат економистите.
Она што во оваа ситуација повторно е исклучително важно прашање е дали ќе мируваат цените на струјата за домакинствата иако надлежните уверуваат дека сега зголемените 10% ќе бидат доволни до средината на јуни. Но, станува збор за вонредна ситуација па оттука и сомнежот дека граѓаните со овие цени ќе поминат уште 6 месеци.