Француската амбасадорка во Албанија, Елизабет Барсак, изјави дека Албанија и Северна Македонија не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интреграцијата во ЕУ. Во интервју, вчера, за Еуроњуз Албанија, Барсак призна дека желбата за раздвојување на двете земји доаѓа од фрустрацијата поради ветото на Бугарија за Северна Македонија.