Од утре е големата Божиќна недела, време кога верниците кои најголемиот христијански празник го слават според јулијанскиот календар, ги започнуваат вековните обичаи.
Вратата на традицијата ја отвораат утрешните коледарски адети чиј централен симбол се коледарските колачиња.
Коледарските адети се традиција која се пренесува од колено на колено и се нагува со децении, но современиот начин на живот, не секогаш дозволува тие да се нагуваат во изворна форма.
Сепак, за на модерните домаќинки ништо да не им фали, индустријата за вакви денови ја прилагодува понудата.
На Бадник, рано наутро, во секоја куќа се слуша гласот на децата-коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос. Домаќините им даваат костени, ореви, јаболка, круши за да го зачуваат овој убав обичај кој се пренесува од колено на колено.