24.7 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Оловото од кровната конструкција и понатаму изчезнува. Еден од крадците фатен на лице место, но серијата кражби продолжува

Оловото од кровната конструкција на најпознатата уметничка галерија во регионот, штипскиот Безистен и понатаму исчезнува. Во последните два дена оттаму се украдени нови 9 оловни плочи, со што висината на направената штета се искачи на над 10.000 евра.

Серијата кражби не престанува и покрај тоа што еден од крадците е фатен на лице место како од покривот ги симнува оловните плочи.

Еден дел од покривот на безистенот е многу блиску со висината на патот, па на крадците не им е тешко да дојдат брзо и лесно до скапото и вредно олово.

Засега, нема начин како овој дел да се заштити па од Музејот размислуваат за поставување на безбедносни камери, но и на соработка на жителите од околните згради .

Од СВР, во периодт што следи исто така најавуваат почести патроли во овој дел од градот.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,442FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles