Рачна бомба во својата нива пронашол 45- годишниот М.С. жител на село Конче. Она што го пронашол земјоделецот веднаш го пријавил во радовишката полицискка станица. Експлозивната направа експресно била подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Штип, при што било утврдено дека станува збор за неексплодирана рачна бомба која потекнува од Првата светска војна.