27.9 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Бројот на мозочни и срцеви удари – зголемен. Секојдневно во КБ – Штип има по два нови итни случаи

Алармантно е зголемен бројот на мозочни и срцеви удари во регионот.  Секој ден, во Штипската клиничка болница има по најмалку два нови итни случаи поврзани со сериозни кардио-васкуларни проблеми.

Состојбата особено сериозна е во декември, кога пациенти со мозочни удари имало за околу 15 % повеќе во однос на претходните два месеца.

Идентична е ситуацијата и со срцевите инфаркти, па последните месеци повеќе пациенти има и на Интерното одделение.

За лекарите, зголемувањето на бројот на пациенти со удари е загрижувачко, особено што меѓу нив се почесто има млади луѓе, а границата на мозочни или срцеви удари со смртен исход е намалена на 35-40 години.

Според нив, најкритични месеци за пациенти со кардиоваскуларни тегоби се зимските.

Инаку, кардио васкуларните заболувања и понатаму се причина број еден за смртност во регионот, но и во Државата. На нив, отпаѓаат околу 60 % од сите смртни случаи.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,443FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles