На огромна депонија околу Рударска Река, реагираат жители на Пробиштип. Фотографиите на кои се гледаат купишта смет, мрши од животни и што ли уште не, се направени во близина на место Долна Пударница, кај мостот од прстени каде се спојуваат земјените патишта од Злетово, патот од Рудари и оној што доаѓа од Ратавица.