14 години, 79 годишниот штипјанец Александар Трајковски со социјални пакети на социјално загрозените семејства им внесува достојна божиќна атмосфера. Се започнало по смртта на неговата сопруга. Воден од мислата дека Божиќ е празник за семејството, и годинава подароците на Трајковски ќе ја внесат божиќната радост кај шест социјално загрозени фамилии.
Хуманиот гест на Трајковски не би бил потполен доколку би отсуствувала логистичката подршка од Црвениот Крст.
На оние за кои се наменети подароците, се бескрајно благодарни на чичко Ацо.Еден од нив е Бранко Николов, инвалид од кого дома чекаат три усти за хранење, двете малолетни деца и сопругата.
Трајковски е дециден. Се додека е витален и здравјето му дозволува, секој Божиќ неговите хуманитарни пакети ќе бидат божиќна благодат за социјално загрозените семејства…