22.8 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Градежништвото чека антикризни мерки

Градежништвото во 2021 година по растот од 3,9 проценти во првите три месеци, во вториот и во третиот квартал забележа пад од 2,4 односно 1,5 проценти. Секторот, кој се соочи со поскапување на градежните материјали и помал обем на работа поради мораториумите за градба во претходниот период, постојано апелира за повеќе работа и во нискоградбата и во високоградбата.

Градежната фела на крајот на минатата годината испорача барања до Владата за антикризни мерки заради порастот на цените на градежните производи и репроматеријалите при јавните набавки, каде е пропишана фиксна цена во тек на изведба и јавните набавки и каде единствен услов за нејзино добивање е најниската цена.

Во моментов зголемените цени на градежните материјали се одразуваат во голема мерка и ќе се одразат уште повеќе на цената на становите. Во моментов се многу оштетени компаниите кои работат на јавни набавки во кои главен норматив за добивање на јавната набавка е минимална цена. Проблем се и јавните набавки каде е пропишана фиксна цена за целото време на траење на проектите“, велат од  Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора.

Градежниците од Владата бараат ангажман и на најавените капитални проекти за изградба на патиштата на коридорите 8 и 10. Како градежна фела тие побараа од Владата да бидат вклучени уште при проектирањето, планирањето па се до изградбата на овие патишта и да добијат цврсти гаранции дека нема да бидат изоставени.

Од друга страна, пазарот на недвижности, пак, и во минатата пандемиска година регистрираше зголемен обем на трансакции, а продолжи и поскапувањето на становите.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,442FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles