-3.2 C
New York
Sunday, January 16, 2022

Buy now

spot_img

Два тешки напада од кучиња за само пет дена доживеа 80-годишна штипјанка

За само пет дена, 80- годишна штипјанка, претпре два големи шока откако кучиња , на исто место двапати ја нападнаа нанесувајќи и сериозни телесни и психички повреди. Двата напада се случиле во близина на СВР Штип, каде штипјанката живее.

Повредите на ногата се санирани по втор пат, но возрасната штипјанка веќе не смее да излезе од дома, ниту има мирен сон и живот.

И двата напада, со оглед на последиците се пријавени во полиција , а во Клиничлката болница во Штип и се издадени соодветни потврди за повредите.  По ова, 80- годишната штипјанка случаите ги пријавила и во општина Штип која е надлежна за решавање на проблемот со кучињата скитници.

Од Општиа Штип во врска со проблемот со кучињата скитници , денес излегоа со следново соопштение:

Поради неисполнување на критериумите и немање на елементарни услови за згрижување на животни, од страна на инспекциски служби стационарот во штип е затворен. Во постапка е распишување на тендер за склучување на договор со оператор за заловување и третман на кучињата скитници кои ќе поседува сопствен стационар, каде кучињата би можеле да бидат третирани“, велат од Општината.

Како и да е, по овие напади,  ЛС Штип веројатно ќе се соочи и со граѓанска тужба за претрпена физичка и психичка болка, што значи дека проблемот со кучињата скитници треба ургентно да се решава. 

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,116FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles