Детоксикацијата на организмот стана императив во времето во кое живееме. Стресот, загадувањето, храната полна со адитиви, лековите кои ги консумираме, алкохолот – во нашиот организам создаваат вистинска депонија на штетни материи, кои трајно го трујат нашето тело.
Овој народен рецепт ќе Ви помогне во неговото прочистување. За да го подготвите потребни се: 12 чешниња лук и половина литар црвено вино (може и од капина).
Исчистете го лукот и исечкајте го, па ставете го во стаклено шише. Додадете вино и добро затворете. Чувајте го на светло 2 недели и протресувајте неколку пати секој ден.
После две недели, исцедете го напитокот и ставете го во друго стаклено шише. Земајте по една лажица трипати на ден цел месец.
Напомена: Ова е природен лек и затоа применувајте го со пауза од 6 месеци помеѓу 2 третмани – значи, двапати годишно.