Црногорската агенција за електронски медиуми во саботата забрани емитување на одредени програмски содржини на српската телевизија „Хепи“ поради навреди на Црногорци и пратеници во црногорскиот парламент. Телевизијата „Хепи“ е национален медиум во Србија, а во Црна Гора се емитува преку кабелски оператори.
Со одлука на Советот на црногорската агенција за електронски медиуми, на црногорскиот пазар се забранети емисиите „Добро утро Србија“, „Викенд“, „Утро“, „Кирилица“ и „После ручек“.