Основните, средните училишта и градинките во префектурата Лерин, на северот на Грција, денеска ќе останат затворени по вчерашниот земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил во неделата во 23 часот и 43 минути, а особено бил почувствуван во ова подрачје, јавува грчкиот портал „Катимерини“. Земјотресот особено бил почувствуван во градот Лерин, бидејќи неговиот епицентар бил на само 2 километри од главниот плоштад во тој град.