Од денеска започнува депопулација на свињите во заштитната зона во радиус од 3 км околу потврдените жаришта на две одгледувалишта во с. Драмче, вклучувајќи ги населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево, како една од мерките кои ќе се преземат во однос на контрола и заштита од болеста афиканска чума кај свињите.
На координативниот состанок одржан во Општина Делчево, беа формирани тимови кои ќе ги следат насоките од Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста африканска чума .
Во акцијата за контрола и превенција од болеста африканска чума со логистичка поддршка и потребните ресурси се вклучуваат и екипи и механизација од ЈКП „Брегалница“.
Дополнително, на сите ловишта во источна Македонија е забранет ловот на секаков вид на дивеч.
Инаку, врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство го потврди првиот случај на присуство на болеста африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче, каде се угинати 14 свињи.
Во одгледувалиштата, каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација на 6 свињи, земени се мостри за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани.