ССМ му предлага на новиот мандатар Димитар Ковачевски за министер за труд и социјала да постави личност од редовите на работничката класа, а не како досега од работодавачите:
„ Сојузот на синдикатите на Македонија најодговорно тврди дека ресорот труд и социјала треба да го води човек кој знае како да ги реши проблемите на работниците – важна е компетенцијата, а исто така важно е да ги познава процесите кои се водат за донесување на нов Закон за работните односи, нов Закон за безбедност и здравје при работа, нов Закон за мобинг и сл., за да не се случи овие процеси кои се водат веќе и по три години да започнат одново и да траат премногу долго, а на штета на работниците“, велат од ССМ.
Како што посочуваат од ССМ, доколу се избере таков човек на чело на Министерството за труд и социјална политика, синдикатите ќе знаат дека „оваа влада и сите нови влади што следат им мислат добро на работниците“.